Организација на жени – Битола со настан во КИЦ Битола одбележува 80 години од основањето

Во светот каде секојдневието на живеење станува наша конфор зона и заробеност во исто време, одвреме навреме ќе се појават личности кои со својот неконвенционален начин на живот се инспирација за другите. Честа да бидеме домаќини на настан на кој својата животна мисија ни ја сподели една таква личност ја имавме изминатата Сабота во Кристалната сала на Офицерскиот дом. Снежана Радојичиќ од Србија, е цикло-патничката која 13 години на велосипед го прокрстари светот, од Кина до Аљаска, а следна дестинација и е Нов Зеланд. Во 13 години само неколку пати на кратко престојувала дома, во Белград. Радојичиќ напишала 5 книги во кои ги споделува своите инспиративни искуства и сознанија. Овој настан за битолчанки беше овозможен од битолското здружение „Организација на жени“ во склоп на одбележување на јубилејот 80 години од нивното основање.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top