Отворената трибина на тема „Етиологија, дијагноза, третман на деца со аутизам“, организирана од Здружението на деца и млади со посебни потреби и нивните родители „Невроразлични“ Битола.

Освен културните настани, Битола има динамичен социјален и граѓански сектор кој третира различни проблеми и аспекти на животот со кои граѓаните на Општина Битола се соочуваат. Еден таков, по многу нешта важен настан минатата сабота се одвиваше токму во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола.

Отворената трибина на тема „Етиологија, дијагноза, третман на деца со аутизам“, организирана од Здружението на деца и млади со посебни потреби и нивните родители „Невроразлични“ Битола.

Пренесуваме дел од обраќањето на Градоначалникот на Општина Битола, Г-дин Тони Коњановски.

„Денес сме собрани со една заедничка цел – да зборуваме за аутизмот со разбирање, почит и одговорност. Аутизмот не е болест, туку различен начин на доживување на светот. Тоа е дел од човечката различност што не учи на трпеливост, прифаќање и емпатија. Лицата со аутистичен спектар имаат свои уникатни способности, таленти и потенцијали. Нашата задача како општество не е да ги менуваме нив, туку да ја промениме средината, да ја направиме поинклузивна, поразбирлива и поддржувачка. Поддршката на семејствата, раната интервенција, образованието и социјалната вклученост се клучни чекори кон подобар квалитет на живот за лицата со аутизам. Но, најважно од се е прифаќањето – прифаќањето дека различноста не е слабост, туку вредност. Да бидеме глас за оние кои потешко се изразуваат, да бидеме поддршка таму каде што е најпотребна и да градиме општество во кое секој има место и можност“.

На трибината на која присуствуваа и медицински лица од регионот имавме можност да го проследиме и излагањето на д-р Наги Момени од Шведска, истражувач во областа на биомедицинските науки и иноватор на нов крвен биомаркер. Здружението е формирано минатата година од три мајки на деца со посебни потреби, прилично младо здружение, но со голема цел, да се создаде заедница во која различноста не се гледа како недостаток, туку како дел од човечката разновидност.

Фото: Сашо Ставрев

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top