На почетокт на уште на една сончева недела во Битола, бележиме еден куриозитетен настан кој спојува историја на Битола и човечки судбини. Во предвечерјето на одбележувањето на депортацијата на битолските евреи во Теблинка, во Свечената сала на Офицерски дом, беше отворена изложбата „Аманет“ со цртежи и скици од младиот битолски евреин Гастон Гамлиел, кој починал пред II светска војна од тифус. Делата на овој талентиран млад сликар, по неговата смрт, а пред депортацијата на неговото семејство во Треблинка биле дадени на чување на семејството на Павле Кипровски, а подоцна со мажењето на неговата ќерка Аница и во семејството Нашоку… Изложбата е во организација на Универзитетот „Хаифа“ Израел – Интернационалната програма за холокауст студии, во соработка со Државен архив – Одделение Битола, Општина Битола – официјална страница и организацијата Jewish heritahe of Bitola и секако соработка на КИЦ Битола. Истата може да се погледне наредните денови во алтернативниот галериски простор во @Oficerski Dom Bitola – Офицерски Дом Битола .











