Отворена изложбата „Жените во општеството, културата и науката“

За културата може слободно да се каже дека е тивка дипломатија но, кога дипломатски претставник на значаен европски парнер на Македонија ќе дојде специјално да ја промовира културната соработка, а патем срдечно да Ве покани на дегустација на вино, тогаш настанот ги надминува рамките на дипломатијата и ја открива онаа човечка димензија која сите ние ја бараме едни во други. Синоќа во Свечената сала на КИЦ Битола, отворена изложбата „Калиопе-Жените во оштеството, културата и науката“. На дваесетина банери, претставени значајни женски личности , дел од Македонија кои со својот личен и професионален труд и ангажман дале суштински придонес како во австриското, така и во македонското општество. Изложбата е сведоштво, документ за силата на личноста на жените кои низ лична борба и креација оставиле силен печат во нашите општества. Во протоколарниот дел свое обраќање имаше неговата екселенција амбасадорот на Р.Австрија во Македонија Г-динот Мартин Памер, како и домаќинот на Општина Битола, градоначалникот Г-дин Тони Коњановски. Настанот со свој настап го збогатија пијанистите Горјан и Горјана Стојановски, Изложбата е достапна до 5 Јуни, во КИЦ Битола.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top