Во нашата секојдневна работа на креирање настани и презентирање на уметници и нивната работа постојат настани кои со својата уметничка тежина и зрелост претставуваат додадена вредност како на нашата работа, така и на културниот живот воопшто. Со особено задоволство Ви пренесуваме дел до амбиентот на отворањето на изложбата на скулптури „Фигурации“ на македонскиот вајар и професор, Никола Смилков од Штип, која се случи минатиот Петок на 18.10.2024 во Свечената сала на Офицерскиот дом-КИЦ Битола, воедно и организатори на изложбата. Со пригодна реч и обраќање кон бројната публика изложбата ја прогласи за отворена проф.Нада Јурукова, од Националниот институт за историја во Скопје. Истата е достапна за љубителите на вајарството секој работен ден во Свечената сала на Офицерски дом-КИЦ Битола, во текот на оваа недела.









