Покрај бројните епитети кој неспомнено ги заслужува Офицерскиот дом, „Храм на музиката“ е можеби најсоодветен кога станува збор за класичната музика. Токму деновиве што доаѓаат почнувајќи од синоќа, концертната сала на Офицерскиот дом – КИЦ Битола, ќе биде „храм на музиката“, благодарение на @interfestbitola или Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ еден од заштитните белези на битолската и македонската култура, по која светот ја препознава Битола и Македонија. Ви пренесуваме дел од синоќешниот концерт.
Рецитал
Огњен Поповиќ, кларинет, Србија
Билјана Јашиќ-Радовановиќ, пијано, Босна и Херцеговина
Ебера, Менделсон, Гуно, Поповиќ




