Офицерски дом-омилено место за забава на битолчани!

Благодарение на Зимската приказна и привлечени од културата понуда, Офицерски дом е омилено место за забава на битолчани, како и бројните посетители кои доаѓаат во Битола. Деновиве се случуваа бројни настани и имиња кои настапија како во Свечената сала , така и на главната сцена на платото пред Офицерски дом. Споделуваме фото галерија од настапите на ; „Квартет Пелагонија“ „ Bras Braders“, „Битолски Тамбураши“, Викторија Коцева, „Бојан Стојков и Димитар Андоновски, Александра Јанева, СИ-ДО, Музика, танц и мода на Анастасија Центар, Креативна работилница за деца со Горјана Стојановска и др. Ве очекуваме вечерва и секако утревечер заедно да ја испратиме старата и дочекаме новата година, со надеж за поубава и порадосна Битола.

фото: Сашо Ставрев

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top