Одбележан патрониот празник на СОУ. Гимназијата “Јосип Броз-Тито” Битола.

Синоќа на платото на Офицерскиот дом-КИЦ Битола, со музичко-сценска програма подготвена од самите ученици и нивните ментори, беше одбележан патрониот празник на СОУ. Гимназијата “Јосип Броз-Тито” Битола. Настапија гимназиски музички бендови кои за оваа пригода подготвија познати македонски рок-поп музички хитови како и ученици кои рецитираа соопствени поеми. Помеѓу бројната публика од ученици, родители, сегашни и поранешни професори, проректорите од УКИМ, присутни беа и градоначалниците на Општина Битола, Г-динот Тони Коњановски и Општина Новаци, Г-динот Стефче Стефановски. На самиот почеток на настанот, се обрати Градоначалникот на Општина Битола, Г-динот Тони Коњановски и самиот поранешен ученик на Гимназијата Јосип Броз Тито, искажувајќи особен пиетет, кон оваа образовна институција и нејзиното значење за Општина Битола и Р.Македонија воопшто. Свое обраќање кон присутните имаше и директорката на Гимназијата Јосип Броз Тито, Г-ѓа Лидија Споа, која помеѓу другото рече: Секоја пролет има свои бои, а секоја младост свои предизвици. Гимназијата е наша татковина, во која денес го чуваме нашето име и нашата историја, а ја славиме симболиката на младоста како поим што значи полет, идеали, љубов, мир и што значи благосостојба. За нас Македонија не може да биде само обична држава, таа не може да биде само обичен историски епски наратив, таа е татковина, таа е идеја и длабоко чувство, Македонија е љубов. А јазикот, Македонскиот е функцијата на генот и народот, место и значење на духот и иднината. Оваа година патрониот празник на Гимназијата е под мотото “Сите бои на младоста“. Голема е возбудата и на професорите и на учениците во последниот период, но привилегијата да се работи со учениците кои се одлучни секогаш да бидат во се први и го имаат во себе жарот на препознатливата бунтовност, е моја и на целиот колектив на Гимназијата која е сериозна образовна институција. Покрај предвидените цели во наставати сите сме актовни и во вон наставните актовности. Овие млади луѓе се посебни секој на свој начин, а нивната автентичност и оригинална мисла секојдневно ни е испирација и нам професорите, додаде дитректорката Споа, а нејзината возбуда не можеше да се скрие пред големиот прој просутни кои беа на свечената приредба. Директорката споа изрази посебна благодарност кон ЈОУ Културен и информативен центра-Битола, за отвореноста, поддршката и покажаниот професионализам.

+15

See insights

Boost a post

All reactions:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top