Секоја вечер нова возбуда во Зимска приказна. Оние кои синоќа беа на платото пред Офицерскиот дом – КИЦ Битола, уживаа во изведбата на добро познатиот поп рок хор „БИТВОКС“, моќниот глас на Ѓоко Танески и секако „Битолските Тамбураши“. Вечерва нова музичка авантура. Ве очекуваме! ЈОУ КИЦ Битола, партнер на Општина Битола во програмата на Зимската приказна 2024.









