Идните концерт мајстори, професори, композитори се создаваат со целосна посветеност. Синоќа Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола одекнуваше во звуците на пијаното. Се претставија Емануел Петрески, Теона Ванеска и Филип Ѓорѓиевски сите од класа на проф. Д-р Јана Четелева Белевска кои на публиката им се претставија со делови на Ј. С. Бах, Ј. Хајдн, Ф. Шопен, Ф. Лист, Л. В. Бетовен, С. Рахманинов, А. Хачатурјан, А. Скрјабин и П. Чајковски.














