Често пати во јавноста ќе чуеме дека младите се иднината, дека во себе носат дарби и светови кои чекаат да бидат откриени. Токму затоа иницијативите и проектите кои се фокусирани кон процеси кои ќе им овозможат на младите да станат свесни за своите уметнички потенцијали и истите да ги изразат преку конкретни техники се реткост, плодотворни и заслужуваат почит.
Офицерски дом – КИЦ Битола беше домаќин и поддржувач на првата средба и работилница на запознавање со процесот во рамки на Македонска Креативност vol. 3.од проектот: „Македонската Креативност: Од Кирилица до Визуелни Уметности – Вол.3 / 2026-та“, на која беа присутни триесетина млади луѓе од основна и средни училишна од Општина Битола. Ментори на креативните работилнции се искусни и докажани креативци кои несебично ќе го споделат своето знаење и вештини со младите. Тоа се Гордана Петров – креативно пишување Коста Дупчинов – уметничка фотографија, Кети Талевска Бакревска – уметничка фотографија, Игор Трајковски – типографија како уметнички елемент, (креатор и реализатор на проектот).
Да се потсетиме што нуди проектот и зошто толку голем интерес.
Креативни и едукативни работилници со искусни ментори. Истражување на кирилицата како инспирација за визуелни и литературни уметности. Создавање оригинални уметнички дела (сликарство, графика, фотографија, поезија). Посети на театарски претстави, промоции на книги и културни институции. Обезбедени влезници за сите организирани активности.
Краен резултат:
Промоција на делата во специјално издание, публикација „Македонската Креативност: Од Кирилица до Визуелни Уметности – Вол.3 / 2026-та“.
Заедничка репрезентативна изложба.
Овде се создаваат идни генерации уметници и културни работници на што особено се радуваме.
КИЦ Битола









