Денеска во Свечената сала на Офицерскиот дом-КИЦ Битола во организација на Меѓународниот славјански универзитет се одржа предавање и дискусија на тема „Балансот помеѓу работата, учењето и приватниот живот“.
Во време кога секојдневните обврски нè водат во бесконечен круг на стрес и недостиг од време, ќе зборуваме за тоа како да изградиме внатрешен и надворешен баланс. Како да го усогласиме професионалниот, академскиот и личниот живот без да го изгубиме психолошкиот мир?
Присутни бројни студенти, професори и стручни лица од областа на психологијата.
Фото галерија од настанот, Сашо Ставрев.









