Ни претставува особено задоволство што ќе бидеме домаќини на битолската премиера на најновиот македоснки филм „Утре наутро“ на Јани Бојаџи. Ве покануваме во Сабота на 6 Декември во 20.00 часот во Кино Браќа Манаки да бидете дел од оваа филмска премиера. Влезници по цена од 200 денари , на билетарата на Кино Браќа Манаки, 1 час пред проекцијата!
Филмот „Утре Наутро“ е инспириран од вистински настани што го обележаа 27 април 2017 година – ден што засекогаш ја смени нашата современа историја. Судир меѓу идеалите и реалноста; границата помеѓу вистината, лагата и совеста.
Синопсис :
Аида е силувана, но на суд не ја добива својата правда – и од жртва се претвора во насилник. Јоана е прогонувана од корумпираната политичка елита со моќ, за дела што ги направила во минатото – и од насилник се претвора во жртва. Двете жени бараат доволно причини, едната да замине, а другата да остане во земјата, полни со надеж дека утре наутро ќе биде подобро од денеска.
