Изминатата недела беше особено богата со културни настани, најавувајќи богата културна сезона. Иако е тешко да се издвои некој настан, сепак по форматот, бројот на учесници и публиката, комплексноста на аудио-визуелното и духовно искуство погледот паѓа на проектот „Премин 25“ на Горан Трајкоски со Камерниот оркестар – Битола, под водство на маестро Владимир Димовски и моќните гласови на Тања Царовска, Ана Митоска и Петар Христов, сценографската визија на Валентин Светозарев и режисерското око на Дејан Пројковски.
Овој проект ја избриша границата меѓу жанровите. Звукот, светлината и тишината се испреплетуваа во искуство што не се слуша само со уши, туку се прима со срце… Извојуваме посебни моменти фатени со објективот, да сведочат дека Битола беше местото каде се случи „Премин 25“. Да потсетиме, ова е здружен проект на Културен и информативен центар Битола со НУ Народен театар Битола, НУ Центар за култура, НУ Камерен оркестар, со поддршка на Општина Битола и манифестира организациски и продукциски капацитети на културните установи во Битола.









