Промовирана книгата „НЕШАДИЗМИ“

Постоеле и постојат личности околу кои се создаваат митовите за Битола кои ги бодрат следните генерации да продолжат да создаваат, да пркосат, да веруваат…Една таква енергична, мултимедијална личност која беше пионер во многу сфери на општественото живеење, а пред се екологијата беше Нешад Аземовски. Прерано нè напушти, но сеќавањето на неговите дела, зборови, креации, остануваат живи и во наследство на следните генерации на кои и тоа како им е потребен позитивен пример од блиската околина. Неговата сопруга Фатма Бајрам Аземовска и самата познат активист, зачува дел од неговиот дух и мудрост во книгата под наслов „Нешадизми“, чија промоција беше едно тополо чествување и радување на ликот на Нешад Аземовски . Во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола, каде се одржа промоцијата на книгата присутни семејството и бројни пријатели кои дојдоа да споделат сеќавања и емоции за овој обичен, а голем човек…

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top