Сведоштво за една прекрасна дружба низ фотографии од промоцијата на новата збирка со раскази „Новогодишни раскажувалки 2“ од група автори. Настанот беше збогатен со настап на децата – драматизација на првонаградениот расказ НОВОГОДИШН ЧУДО и со музички точки што измамија многу насмевки на детските лица. Уредник на „Новогодишните раскажувалки 2“ е Ели Маказлиева која има битолско потекло, а во издание на ЕДУКА МАК . Дел од промоцијата беа децата – ученици од ООУ „Коле Канински“ од Битола, кои се заслужни за прекрасната и весела атмосфера.









