Илија Талев е урбан лик препознатлив по многу нешта. Авангарден и склон кон естетското го прави постојан гласник на урбаната културна сцена повеќе од 30 години. Неговото име повторно се поврзува со еден храбар проект кој е фокусиран на женската мисла, естетика, општествено делување. Пред бројната женска публика, во Кристалната сала на Офицерски дом-КИЦ Битола, минатата сабота промовиран вториот број женскиот алманах за култура и урбано живеење „Муза“.
Фото: Сашо Ставрев







