Една за мене, една за историјата“, Така велеше Милтон Манаки кога фотографираше. Историјата има свој континуитет и синхронизација, па затоа некои работи ни изгледаат магични. Фотографијата и документарните филмови се најзначајната алатка за трајно бележење и пренесување на настани, дела и личности кои одбележале еден општествен и историски миг и на овој начин остануваат дел од колективната меморија на една заедница, култура, народ.
Токму тоа и се случи на местото каде браќата Манаки за прв пат го отворија своето кино и кое симболично денес го носи името Кино Браќа Манаки. На истото место речиси по 100 години, Македонско турско здружение „Мустафа Кемал-Ататурк“ и авторот на филмот Шенол Мемиш посветуваат филмско сведоштво за ликот и делото на еден честит и истакнат битолчанец, Димче Миновски и на тој начин одаваат должна почит кој овој скромен и редок човек давајќи значаен придонес кон меморизирање на трајните вредности како дел од колективната меморија. Проектот е дел од програмата на Бит фест 2024 поддржан од Општина Битола.