Жената како мајка, баба, љубовница, борец…Несомнено жената има многу улоги низ историјата. Некои се пренесуваат од колено на колено, други се плод на лична афилијација и пат. Синоќа, граѓанската активистка, актуелна претседателка на Организација на жени Битола, а во рамките на „80-годишниот јубилеј од основањето на оваа женско здружение“ го промовираше својот роман насловен како „Сексот е забава за сиромаси, богатите бројат пари“. Секако ова е само кованица во преносна смисла, а содржината е една жива , разнобојна , слоевита прошетка низ женската природа и речиси сите нејзини улоги…Романот е спакуван заедно со превод на српски и бугарски јазик, што во старт го прави достапен за тамошната публика и е афирмативен за јазиците, особено за македонскиот…Во рамките на промоцијата беше поставена и изложба на портрети на досегашните претседатели на Организација на жени Битола и нивните биографии, што дополнително ја потенцира важната улога жената како дел од општествените постигнувања.






