Кристалната сала на Офицерскиот дом -КИЦ Битола, синоќа беше претесна да ги прими сите пријатели, вљубеници во планината и алпинизмот и почитувачи на авторот. Нескојдневен, топол и непосреден настан во организација на битолската издавачка куќа „Восток“ , збогатена со фото изложба и видео сегменти од доживувањата на авторот Горан Дамевски, дел опишани во неговата книга „До Хималаи, висина и страст“. Свое обраќање имаше издавачот Михајло Свидерски од од издавачката куќа „Восток“ , а авторот Горан Дамевски сподели интимни искуства од освојувањето на врвовите, пријателствата и чуствата кои само таму може да се доживеат.









