Само едно ќе кажеме „Поклон пред уметничкиот хабитус на тандемот , Весна Ѓиновска Илкова и Кристина Светиева“. Поклон и благодарност за прекрасниот концер, човечката топлина, како и привилегијата Битола да биде дел од нивната концертна агенда.
Во прилог фотографии од концертот на Весна Ѓиновска Илкова, сопран
со пијано придружба на Кристина Светиева во Свечената сала на КИЦ-Офицерски дом насловен како „Промузика“. Изведувани дела од; Т. Прокопиев, С. Стојков, Т. Зографски, Б. Цанев,Т. Скаловски, С. Голабовски, Ј. Андреевска и Б. Светиев
Фото:
Сашо Ставрев









