Работната недела ја започнуваме со еден интересен настан на кој се разговара за можните измени на законот за локална самоуправа како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“ , поддржан од Министерството за локална самоуправа и програмата за развој на ОН (УНДП). Присутни, Министерот за локална самоуправа Г-дниот Златко Перински, кој на почетокот се обрати до присутните, градоначалникот на Општина Битола, Г-дниот Тони Коњановски, како и други градоначалници и експерти за локална самоуправа. Целта на овие работни средби е подобрување на законот за локална самоуправа со системски решенија кои ќе овозможат поголема транспаретност, партиципативност на граѓаните, одговорност на избраниците и секако поголема ефикасност во работењето на општините.








