Животот знае да испишува романи. Понекогаш со ракопис, понекогаш со ноти, понекогаш со сликарска четкичка. Животот е можеби краток но сеќавањата можат да останат големи. Такво е и нашето истражување на музичката историја поврзна со луѓе и настани во областа на музичката историја на нашата сакана Битола. Пред неколку денови при туристичка посета на нашиот град, пред Офицерскиот дом не посети еден гитарист-белграѓанец кој се сложи да ни ги раскаже сеќавањата од неговите воени денови служејќи го воениот рок во тогашна ЈНА во Битола пред повеќе од четириесет години. Она што се случи беше негово кратко претставување за настаните од тој период.
„Јас сум Горан Гњидиќ и доаѓам од Белград. Во Битола сум по втор пат, додека спомените за првиот пат се сеуште многу живи. Јас во 1982 година во октомври, поточно на 5-ти октомври дојдов овде за да го отслужам воениот рок, во тогашната војска на ЈНА. Јас бев извидувач во пешадиска единица во касарната „Стеван Наумов – Стив“. Во тоа време касарната беше навистина многу голема и ми се чини дека имаше повеќе од 5.000 војници. Се разбира дека тогаш Битола беше поинаква од денес, за ова време од пред четириесетина години. Моите сеќавања за Битола се многу убави, народот ја сакаше тогаш војската и се дружеше со нас и не прифаќаше како свои деца. Тогаш ние бевме деца. Во војска тогаш се одеше 12 месеци и воглавно сите бевме деца помеѓу 19 и двадесет и една-две години, што значи не прифаќаја нас како свои деца. Во текот на траењето на воениот рок бидејќи јас бев музичар и сеуште свирам на гитара се појави можност јас да засвирам односно да се пријавам на аудиција во тогашниот воен оркестар во тогашниот дом на Армија.
Тоа беше некаде на половината или можеби нешто повеќе од половината на моето служење на мојот воен рок, поминат месецот јуни, тука негде… Јес веќе тогаш во касарната чисто онака војнички со другарите веќе свирев на гитара и се забавувавме во слободното време кога не бевме на некоја воена вежба. Во главно тогаш беше тогашната музика на бившата Југославија, тоа беше популарна музика, значи поп-рок музика во кои беа застапени сите изведуваќи кои беа во можност од Словенија до Македонија. Да, се сеќавам имаше еден другар кој доаѓаше од Скопје кој исто така беше музичар и професор и свиреше на хармоника или така нешто. Во главно, аудицијата беше распишана во домот на ЈНА, во суштина тоа беше аудиција за гитаристи. Мислам дека во тој музички дел на Домот на ЈНА не беа професионални музичарите ами беа војници кои беа на отслужување на воениот рок и вероватно тоа беше некоја генерација на војници музичари во тогашниот оркестар кои се спремаа да си заминат дома, откако го отслужиле своето отслужување и вероватно тогаш требало да подготват нови сили, така да се изразам. Сега не можам да се досетам на датумот, нормално тоа се случуваше пред четириесетина години, но убаво се сеќавам дека тоа беше некаде во попладневните часови со оглед дека војската редовно имаше предпладневни задачи, вежби итн. Тогаш во Домот донесоја една важна одлука, да се подготви една аудиција во текот на попладневните часови кога се претпоставуваше дека војниците се одмараат, односно се подготвуваат да се пријават на аудиција.
Но за жал за мене, како што реков јас тогаш бев во извидувачката единица, обуката траеше единаесет месеци нон-стоп и јас таа вечер тој ден имав во план по распоред изведување на ноќно гаѓање што значи обврска да заминам на гаѓање во текот на ноќни услови и знаејќи го тоа, го замолив мојот капетан на извидничката чета да ме пушти да одам на аудицијата. Во истото време друг мој другар исто така свиреше на гитара кој исто така се подготвуваше за на таа аудиција но тој не беше во извидувачката чета ами беше во возачите и така тој доби дозвола да ја посети аудицијата а јас заради тоа ноќно гаѓање на жал, моето барање беше одбиено и морав да заминам односно да ја прескокнам таа аудиција. Така морам да кажам дека мојот другар беше примен на таа аудиција и се вклопи во тој воен оркестар. А тој скоро секое второ попладне, бидејќи имаа вежби, а можеби и некогаш почесто имаше трајна дозвола за излез во градот на попладне, без разлика дали е тоа ден за излегување на војската и со обзир на тоа дека тој наменски излегуваше, се запишуваше дека има проба со тој оркестар.
Репертоарот во тоа време, велам „во тоа време“, не знам каков би бил сега таков репертор и дали воопшто оркестар постои и што свири ако постои, во тоа време репертоарот беше микс на народно-ослободителни песни, или тогаш бидејќи се користеа со таа цел, значи патриотски песни, така да мораа извидувачите од тој воен оркестар мораа да научат, велам мораа да научат бидејќи дел од нив сепак свиреа во своето слободно време со пријателите, но за такви песни се многу лесни нотите така што се научуваат мошне брзо. И нормално дека тука постоеше и микс на популарни, тогаш во тоа време популарни мелодии, дали тоа беа „Нови Фосили“, дали тоа бил Здравко Чолиќ, секако… и многу други, би рекол групата „Амбасадори“ па и „Корни Група“ и да не набројувам повеќе итн. Итн. Значи популарна музика која се слушаше на овие простори, практично и нормално во врска со тогашната македонска народна и традиционална песна или песни на изведувачи кои биле македонци. Значи македонска музика а целта и намената беше… понекогаш тоа биле класични прослави за некаков ден на војската, „Ден на артилеријата“ или некаков ден поврзан за историјата на војската на Југославија, тогашната војска на Југославија.
Исто така се сеќавам дека овде беа приредувани и некои други збиднувања кои не биле тесно поврзани во воени цели а се однесувале на забавниот карактер или можеби прославување на некој роденден или слично. Така може да се каже дека тогаш во тој момент се свиреше и таа поп, поп-рок, музика со лесни ноти со забавувачки карактер со цел за забавување на луѓето кои покрај тоа и да можеа да играат, да танцуваат и опуштено да се осеќаат. Тоа е отприлика моето сеќавање на тој дел од приказната поврзана со постоењето на оркестарот. Се разбира дека јас имав можност да ги проследувам во неколку наврати нивните настапи и можам да кажам дека тоа беа луѓе, војниците кои што таму свиреа, дека тоа беа војници со ако не врвни, значи уметници коишто знаеја да свират на своите инструменти и воедно школувани по ноти, но имаше и од оние коишто беа со музичко знаење „од мајка“ но сосема доволно за да ги задоволат критериумите и потребите, целта на она што тој оркестар свиреше со чии настапувања требаше да заличи со разнородната публика која што имаше можност да ги слуша. Ете толку од мене.“
Нашиот гостин Горан Гњидиќ, кој во само еден час колку што му останал периодот предвиден за посета низ Битола пред да си замине дома, со својата сопруга, ни раскажа како неговиот татко служел воен рок на Синај кој крајот на шеесеттите години (на фотографија 3. на која што дошол во посета за време на давањето на заклетва на Горан). На останатите фотографии е Горан како копа ровови со другарите војници и неговиот портрет. На преостанатите фотографии е Горан со сопругата при посетата во Битола пред Офицерскиот дом, како и низ преостанати објекти од поранешната касарна во Битола.









