Разговор со легендарниот ју-рок музичар, новинар и писател, Срѓан Марјановиќ.

Се смета дека „времето е мерка на сите нешта“ а тоа најдобро се покажа во музиката, во уметноста, кога е искрена, автентична, од срце, вистинска. Онака како што музиката знае да допре до срцето и да ја отвори душата се потврдува во педесетгодишната кариера на легендарниот ју-рок музичар, новинар и писател, Срѓан Марјановиќ.

Автор на повеќе од 17 музички албуми и неколку романи, легенда на југословенската рок сцена, кантавтор и писател Срѓан Марјановиќ низ разговорот кој го остваривме неодамна ни ја отвори душата и со задоволство ја прифати понудата да се обрати до битолската јавност. Со огромна желба ја прифаќа понудата да настапи со свој целовечерен концерт или можеби да гостува на Фестивалот „Ех, таа Серенада“ кој што е во организација на Културниот и информативен центар – КИЦ Битола. Имено тој неодамна со грандиозен концерт во Белград ја прослави својата 50 годишна музичка кариера.

„Моето срце остана во Југославија! Никогаш не ја бркав славата, искрено сакав да правам музика за себе, не за другите.“ Срѓан неодамна потпиша нов договор со Југотон-Кроација Рекордс.

Срѓан секоја година кон крајот на летото, во август, гостува и настапува на музичкиот фестивал „Охрид Фест“. Таа љубов кон македонскиот народ продолжи да ја негува, бидејќи неговата сопруга беше родум од Охрид.

Срѓан останува запоменет најповеќе по своите музички хитови „Бебо не плачи“, „Имаш код мене велики плус“, „Иди“, „Кад једном пукнем ја“, „Ми смо једном другом говорили“ и многу други.

Многумина го паметат по неговите музички настапи и како војник кој својот воен рок го отслужил во Офицерскиот дом во текот на 1979-1980 г. (фотографии)

Тој е постојано актуелен и со своите романи но повеќе преку музиката, иако својата најголема популарност ја доживеа во 80-те години од минатиот век. За неговите обожаватели од Македонија го препорачува неговиот филм кој неодамна е поставен на YouTube каналот, па еве го проследуваме и линкот до него:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top