Разговор со Томислав Османли II дел

Со особен пиетет, пристапуваме кон објавување на вториот дел од разговорот со битолчанецот Томислав Османли, чија семејна, професионална и творечка историја е вградена во постоењето и вознесот на македонската култура…

…Мојата битолска фамилија има длабок корен во градот. Таа е како што реков, фамилија на уметници, на трговци и на лекари. Мојот стрико, најстариот брат на мојот татко, беше музичар, беше наставник и еден од оснивачите на музичкиот живот во предвоена Битола, но исто така и во повоена Битола кадешто дејствува како виолинист, наставник по музика и творец да речеме на првиот камерен оркестар во повоена Битола. Музички оркестар составен од некои петнаесеттина луѓе. Што се однесува до другите претци, сакам да го истакнам и неговиот предок Петар Османли, водач на мандолински оркестар во Америка, мандолинист, во Битола трговец со музички инструменти, нотни композиции и трговец кој што тргува со музички инструменти како пијанина и пијана, едно од кои дознавам со инскрипција со неговото име во предвоени времиња успеал да направи нарачка од Берлин на пијанина на кои стои неговото име „Петар Османлиевиќ“, во тоа време, „Битољ“… исто така nа српски јазик со латиница итн. итн. Неговото дело е исто така многу значајно, неговата историографија е многу богата, таа вклучува дејности во Америка исто така, покрај во Битола. Инаку, тој е татко на еден од истакнатите првоборци коишто го дадоа животот за слободата на Македонија, на Јорго Османот. За својот рано, прерано загинат син тој има напишано и еден марш. Сега не би сакал да должам понатаму, големо е моето семејство, би сакал да ги истакнам еве овие тројца членови на семејството, се надевам дека тоа е доволно засега, а во добра прилика во Битола во Офицерски дом, на еве на столетниот славеник на градот, таа прекрасна зграда на која многу и се израдував кога беше реновирана и кога се отвори и се пренамени во културен центар, се надевам дека ќе имам можност поопстојно и пошироко да зборувам за целото мое семејство.

Јас исто така сум роден битолчанец меѓутоа и рано заминат од градот. Професијата на татко ми, нашето семејство го однесе од нашата куќа, нашиот дом на улица „Солунска“ 210, за жал, старата куќа веќе не постои меѓутоа ја има на голем број фотографии што во и меѓу другото и во предвоени времиња биле објавувани како изданија на книжарницата „Просвета“ на мојот дедо, таткото на мојот татко, Дијаманди Османли. Ете среќен сум што и нашата куќа е зачувана во тој вид спомени, многу семејни а едновремени и многу општи бидејќи се работи за картички црно-бели колорирани итн. итн. коишто ја зачувуваат не само нашата куќа ами и мојот битолски дом. Битола е населена во моето срце, тоа е неразделно така. Секоја посета на Битола ме растревожува, пријатно, се јавуваат мал милион мои лични сеќавања од детството, во подоцнежните посети, за моите роднини, за битолските семејства за кои со мајка ми со татко ми редовно правевме визити, незаборавни исто така и приказните што се точеа при тие средби, така што Битола е неразделно населена во мојата душа, а на Битола и подарив два драмски текста, едниот комедија, реализирана во 1987-та година на сцената на битолскиот театар, се викаше „Салон пулс“ и другата еврејска тема која што се вика „Спилиони“ и таа беше реализирана 2003-та година. Во Битола сум добил и награда, прва награда на Фестивалот на монодрамата, анонимен беше тогаш и се израдував посебно за таа награда кога го испратив својот текст кој потоа беше реализиран во Скопје, многу би се израдувал кога би се реализирал и во Битола. Така што Битола останува населена на многу начини во мојата душа.

Сега пишувам збирка раскази на теми главно коишто се однесуваат на минатото меѓутоа како лични сведоштва за тие чудни особени светови на различни видови на луѓе. Во Скопје, во Битола, низ Македонија, во Белград од поранешна Југославија… ете на тоа работам сега. Препорака на младите битолски автори… Битола спаѓа во ретко убавите и афирмирани градови. Тоа се две можности за битолските автори. Или да се враќаат во историјата на својот град, таа е пребогата. Или пак, како битолски автори, токму како битолски автори да задираат во други теми коишто ја надминуваат Битола како првичен локалитет, како првична нивна тема и потоа се отиснуваат во просторите, во широките литературни простори кои се бескрајни, кои можат да се однесуваат било на нивните преселенички искуства, во Австралија, во Америка, било на нивните нови преселнички искуства кои се во современа Европа, едни нови генерации кои не се печалбари на стариот начин, меѓутоа главно задираат во темите, во тревожните теми на ова време. За мене не е толку битен локалитетот колку што е битна современоста. Тоа би му го препорачал на битолските автори.

Имам желба, се разбира да се вратам во Битола каде што не сум бил од 2012-та година, изненадувачки но тоа е така. Во меѓувреме издадов многу книги, очекував дека можеби некој ќе се сети да еве покрај другите автори да ме покани и мене. Тоа за жал не се случи. Дванаесеттата година бев во Битола по повод чествувањето на 60 години од, ми се чини дека 60 години беа од првата дипломска претстава на битолскиот народен театар, но тоа беше чествување на мојот татко, се разбира, се придружив таму. Се одржа во галеријата „Магаза“ и говорев исто така во реализација на музејот на град Битола, говорев исто така и радосен сум што тогаш присуствуваа покрај видни битолчани и членови на моето семејство, за жал од кои добар дел веќе не се живи.

Подготвил: Сашо Ставрев

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top