Традиционалната носија на македонската жена сеуште е инспирација за генерации модни дизајнери кои креираат модерна облека. Синоќа во Свечената сала на Офицерскиот дом -КИЦ Битола, авторот Александар Ортаковски ни се претстави со „Ревија на дизајнерска женска облека инспирирана од народната носија, под наслов „МАКЕДОНА“. Настанот е дел од 54-то издание на „Илинденски денови“.