Најавивме концертна пролет, а така и продолживме. Синоќа во Свечената сала на Офицерскиот дом – КИЦ Битола, се одржа воодушевувачки концерт насловен како „Романтична Едвардова вечер“ во изведба на НУ Камерен оркестар на Битола и гостинот на виолончело, Антонио Илиоски. На програмата беа дела од Елгар и Григ. Диригент Владимир Димовски.










