Нашите пријатели од Словенечкото здружение „Триглав“ – Битола, синоќа со богата културна програма го одбележаа Националниот ден на Р.Словенија. Во делот на културната програма настапи хорот при Словенечкото здружение „Триглав“ – Битола, под диригентска палка на Марина Коруновска, како и гостите од Р.Словенија, Младинскиот пеачки хор „ОУ Комен“ и Машкиот пеачки хор „Франц Згоник Браник“. Словенечкото здружение „Триглав“ – Битола, повеќе години активен промотор на македонско-словенечкото пријателство и култура и претставува амбасадор на добра воља и соработка помеѓу Македонија и Словенија.