Скопско го прослави 100 годишниот јубилеј на платото на Офицерскиот дом Битола

Кога ,,Скопско ” прославува 100 година, тоа треба да биде звучно. Две супер забавни музичку вечери на платото пред Офицерски дом во Битола, со кои Скопско го прослави златното стотче. На првата вечер 30.08.2024 на препознатливата сцена најдобрите артисти од домашната сцена; DJ Chico, МИТАН ПРОЕКТ и Superhiks! Возбудлива вечер во која на една сцена се спои електронската, традиционалната и ска музика буквално потврдувајќи ја максимата #скопскоисееможно . Концертот на Митан Проект, под раководство на Мите Димовски на сцената пред Офицерски дом го донесе неповторливиот вокал на Андријана Јаневска и врвните музичари Дамир Имери, Александар Јовевски, Владимир Крстев и Зоран Костадиновски кои одново ни ја доближија убавината на традиционалната македонска песна. “Суперхикс” бендот кој 30 годишни е најдинамичниот бенд на македонската музичка сцена во нивни стил, ја подигнаа атмосферата level up, поздравувајќи ги фолтиновци и битолските фанови. Втората вечер (31.08.2024) ни го донесе , со Дј Boca, Funk Shui и рокенорл поставата Memfist mafija кои изведуваат рок ен рол стандарди од 50-60 те.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top