Од настаните оддржани изминатите денови, по своето значење и содржина го издвојуваме настанот на Одбележување на Денот на независноста на Р.Хрватска, кој се случи на 31 Мај во Свечената сала на Офицерскиот дом-КИЦ Битола.
Денот на државноста на Хрватска е еден од најзначајните за хрватската понова историја. Традиционално оваа манифестација во Битола е во организација на Хрватскиот културен центар и Македонско -хрватското друштво „Марко Марулиќ“ – Битола, а оваа година повторно беше организирана во соработка со КИЦ.-Офицерскиот дом. Хрватскиот културен центар, покрај Денот на државноста го одбележа и јубилејот 30 години постоење.
Препознатливиот далматински мелос, во Битола го пренесе далматинската женска клапа од Јелса, Хвар, „Фреција“, вокалната група „Ангелини“ во придружба на тамбурашкиот оркестар од КУД. „Клоштар“-општина Клоштар Иваниќ, Загребачка жупанија, a како специјални гости настапија едни од најнаградуваните ученици од Државното музичко училиште Битола (со кое Хрватскиот културен центар неодамна потпиша Меморандум за соработка): Алексеј Белевски, Матеа Стојаноска и Климент Ристески, во придружба на професорката Доминика Робе Поповска.
Присутните ги поздравиja: претседателот на Хрватскиот културен центар, Бранко Маретиќ, Стјепан Домјанчиќ, воено аташе при Хрватската амбасада во Скопје, заменик градоначалникот на Битола – Бојан Бојкоски.
На крај беа доделени благодарници на институции и поединци со кои Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ соработуваше во текот на овие 30 години, па така благодарница беше доделена и на директорот на КИЦ Офицерскиот дом, Благојче Божиновски.
Благодарност до Неда Маретиќ





See Insights
All reactions: