Синоќа со на платото на Офицерскиот дом-КИЦ Битола, со „Вечер на интернационална музика и игра“ заврши 54-ти Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ – Битола. На сцената настапија седум ансамбли од Јужна Кореа, Северен Кипар, Македонија, Србија, Туркије и САД. Пред преполното плато на Офицерскиот дом, каде изминатите шест денови преку музика, песна и танци и се славеше традицијата која го обединува светот беа доделени благодарници и признанија на учесниците, а според одлуката на жирито при РФНПИ Илинденски денови, КУД Илинден Битола ја доби наградата за најуспешна група која презентира традиционална музика и игра. КУД Илинден Битола се претстави со сценската адаптација “Моштенки” на авторот Филип Јаковлевски. „Илинденски денови“ од републичка и балканска манифестација , со голема посветеност и самопрегор на бројни културни работници прерасна во атрактивен светски фестивал и гордост на Битола. Ни беше особена чест што КИЦ Битола, беше домаќин и соработник на овој голем настан.