Со панел дискусија на тема „ Повеќе даночни приходи за побогато општество – перцепции и перспективи денеска во Свечената сала на Офицерскиот дом – КИЦ Битола, Регионалната дирекција Битола – Управа за јавни приходи го одбележа Денот на даночните работници„ 29 – Ноември, Св.Матеј“. На почетокот на панел дискусијата со поздравна реч се обрати Градоначалникот на Општина Битола, Г-динот Тони Коњановски, а покрај стручните лица од Управата, учествуваа и претставници на бизнис заедницата и Стопанската комора Битола. Во текот на дискусијата со свои излагања се обратија повеќе излагачи, а со завршно обраќање се обрати м-р Елена Петрова , директор на Управата за јавни приходи.