На денешната прес конференција која се одржа во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола, во присуство на новинари и членови на легендарниот бенд „Леб и сол“ , Градоначалникот Тони Коњановски го најави отворањето на 17-то издание на Бит фест 2025. Отворањето е закажано на 26 Јуни во античкиот театар на Хеаклеја. Да потсетиме дека Бит фест е синоним за битолско културно лето со убедливо најбогата културна програма во Македонија. Наскоро се очекува да бидат објавени и деталите за останатите програмски содржини на Бит фест 2025.






