Со проекција на започнува детскиот филм „Клинци Каубојци“ започнува нова филмска сезона во Кино Манаки.

Празниците и празнувањата се зад нас, а зимата сеуште бара начини да нè задржи дома ❄️Но, затоа сме ние тука да Ви понудиме излез од зимската монотонија и да Ве повикаме на #kino📽. Со особена возбуда ја најавуваме новата филмска сезона во Кино Манаки. Започнуваме овој Четврток со проекција на детскиот филм „Клинци Каубојци“ . Две сирачиња од Ирска тргнуваат на возбудливо патување со воз до Њујорк за да го сретнат својот вујко и да го побараат неговото наследство. Додека да станат пријатели со гувернантата која се грижи за друга група деца, тие се соочуваат со ненадеен напад од бандити.

Четврток 23.01 .2025 18:30

Петок 24.01.202 18:30

Сабота 25.01.2025 18:30

Филмот е синхронизиран на македонски јазик.

Влезница по цена од 150 ден. на билетара ,1 час пред почетокот на проекцијата!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top