Со свечена церемонија во Офицерскиот дом-СОУ Јосип Б.Тито одбележа 20 – годишниот јубилеј – двојазична франкофонска настава.

Го започнуваме денот со споделување на импресии од еден навистина значаен културно – образовен настан. Имено, во една прекрасна атмосфера во Свечената сала на Офицерскиот дом – КИЦ Битола, СОУ Јосип Б.Тито приреди свечен настан по повод одбележувањето на 20 – годишниот јубилеј – двојазична франкофонска настава, (билингвални) паралелки. Во оваа прилика СОУ Јосип. Б. Тито доби значајно признание од француското Министерство за Европа и надворешни работи, односно училиштето ќе биде носител на престижниот бренд LabelFranceEducation, кој се доделува на образовни институции низ светот што постигнале високо ниво во развојот и реализацијата на двојазичната франкофонска настава. По тој повод, во придружба на почесниот конзул на Р. Франција, Калиопа Кривашија Стилиновиќ присутен беше и францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер кој ѝ го врачи признанието на директорот на СОУ Јосип. Б. Тито, Г-ѓа Лидија Споа. По свечената церемонија, следуваше дружење со гимназиски бенд кој приреди одлична забава.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top