Професијата која го одбележала минатото со грандиозни дела, сега се соочува со предизвиците на денешното време, обидувајќи се да одговори на потребите на модерното општество, при то почитувајќи го еснафот и еснафските правила. Изминатиот Петок и Сабота (29-30.11) се оддржа „Трета годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти“ во Свечената сала на Офицерскиот дом. Овој настан на едно место ги собра македонските архитекти кои ги споделија своите искуства, презентации, видувања и визија. Воедно отворена и изложбата од истражувачкиот проект АТЛАС НА МАКЕДОНСКАТА МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА кој е препознавање, документирање, проучување и вреднување на модернистичкото архитектонско наследство од втората половина на ХХ век на територијата на Р. С. Македонија. Преку јавно претставување и промоција на вредните архитектонски остварувања во периодот 1945-1985 година, проектот има за цел да укаже на обемот, квалитетот и прогресивниот модернизациски и еманципаторски карактер на овој сегмент од поновата македонска архитектонска историја. Изложбата поставена во Источната галерија на Офицерскиот дом -КИЦ Битола, може да се проследи наредните денови.












