Денеска во Свечената сала на Офицерскиот дом, во организација на граѓанската организација „Про Локал“ се одржува „Трета работна средба на Регионалната Платформа за Млади“, проект поддржан од Владата на Швајцарија, преку фондацијата “Цивика Мобилитас“. На почетокот на настанот се обрати Претседателот на организацијата „Про Локал“, Г-ѓа Емилија Геровска, а обраќање имаа и градоначалникот на Општина Битола, г-дин Тони Коњановски, како и амбасадорката на Швајцарија во Скопје, Н.Е Вероник Улман. На средбата се дискутираше на теми важни за младите од регионот.






