Трета година по ред, Општина Битола продолжува со организација на буџетските форуми. Денес, во Офицерскиот дом во Битола , се одржа првата од вкупно четирите форумски сесии, низ кои локалната самоуправа заедно со граѓаните ќе го креира општинскиот Буџет за 2025 година.
Буџетскиот форум е алатка за вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на општинско ниво, како платформа за проблемите во заедницата и начинот на нивно решавање. Целта е да се поттикнат граѓаните да земат учество во развојот на заедницата на локално ниво, нивно вклучување во управувањето и создавање и унапредување на капацитетите преку создавање на локални партнерства за подобрување на социо-економските услови во општината. На овој начин се овозможува транспаретна распределба на средствата на општинскиот буџет, преку вклучување на потребите во развојните планови на општинскиот буџет.