Еден од есенцијалните атрибути на музиката е токму музичката хармонија која се добива кога ќе се спојат во синергија различни инструменти, карактери, емоции. Токму таква хармонија почуствува публиката на синоќешниот Концерт на ТРИО АКАДЕМИКО, со Златка Митева, флејта, Бранко Павловски, кларинет и Наташа Трбојевиќ, пијано. Благодарност и честитки.