Трио Џентлемен на летната сцена на Офицерскиот дом-КИЦ Битола

Со особено задоволство го најавуваме настапот на „Трио Џентлеменс“ на летната сцена на Офицерскиот дом-КИЦ Битола во рамките на Бит фест , оваа Недела на 18.08.2024 со почеток во 20.00 ч.

Трио Џентлмен е составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев-тенор,Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор. По урнекот на светските поп-класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат и на нашите простори.На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир,наполитански канцони,шпански песни,руски романси и секако македонското творештво.Имаат настапувано низ низ сите поголеми и помали градови во Македонија како и надвор од нашите граници, со свои целовечерни концерти, музички фестивали, гала концерти, дел од поголеми значајни манифестации итн. Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново нешто не видено на нашите простори.Различни ги прави тоа што прават спој на операта,оперското пеење со различни жанрови како поп,латино,џез,рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук,тризвук итрепетиран од тројца оперски пеачи.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top