Денеска е особено живо како во салите, така и на платото на Офицерскиот дом – КИЦ Битола, благодарение на „Отворениот ден – Корени и Крилја“ на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола . Присутни професори од Универзитетот и меѓународни академски гости, Градоначалникот на Општина Битола, Г-динот Коњановски, студенти и претставници на граѓанскиот сектор. Во тек е динамична програма која се состои од панел дискусија на тема: „Перспективите на УКЛО“, следува настанот „Корени и крилја“ во рамки на иницијативата #COLOURSjuniors, на кој ќе се доделат сертификати на учесниците од средните училишта од државата, учесници на истоимениот конкурс. Програмата ќе продолжи со музички настап на платото пред Офицерскиот дом под мотото „УКЛО и пријателите“, а веднаш потоа, со почеток во 14:30 часот, ќе се одржи панел-дискусијата „Жените во енергетиката“, на која ќе се дебатира за родовата застапеност во овој значаен сектор.






