Зимска приказна 4 – та вечер!
Ви презентираме избор на фотографии од четвртата вечер на „Зимска приказна“, најголемиот Зимски Фестивал во нашата држава, на чија сцена настапија три бендови: „Милениум Бенд“, Игор Димовски – „Пауза за ракија“ и „Икс Бенд“.
Временските услови и лесниот дожд не ја спречија бројната публика да дојде на платото пред Офицерски дом за да се забавува во убаво расположение, а ги имаше и од другите градови на Р.Македонија, па дури и од соседните држави.
Фото:
Сашо Ставрев







