Четврта средба на административниот сектор во Офицерски дом – КИЦ Битола

Актуелно во КИЦ Битола.

Денеска Офицерски дом – КИЦ Битола е домаќин на четврта по ред средба од административниот сектор овој пат во Битола. Воведен збор на почетокот на настанот зеде Горан Минчев, Министерот за јавна администрација на Република С.Македонија. Удел зедоа и модераторот Олгица Радевска, од Министерството за јавна администрација како и Христина Велковска, директорка на Вита институтот за едукација, менаџмент и коучинг. Во текот на денот збор имаа и Наташа Илијева Ацевска, меѓународен експерт за јавен сектор и организациско учење, соработник на Центарот за извонредност на финансии (CEF), Словенија, Катја Јовановска, Министерство за јавна администрација како и ред други учесници, професори и програмски менаџери како дел од овој семинар.

Фото:

Сашо Ставрев

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top