„Трио Џентлемен“ ја разнежни битолската публика со изведба на познати македонски традиционални песни и евергрини, како и светски хитови и оперски арии на синоќешниот концерт насловен како „Џентлемените за дамите“ кој се одржа во Свечената сала на Офицерскиот дом – КИЦ Битола во рамките на Бит фест 2024. Ви пренесуваме дел од прекрасната вечер низ фотографии.






