Бит фест во знакот на детската програма

Наредните два дена на Бит фест ѓи посветуваме на децата и оние кои така се чуствуваат. Ве покануваме пред Офицерскиот дом-КИЦ Битола вечерва во 20.30 ч. на Театарска претстава „Црвенкапа“ и утре сабота 04.07 точно на пладне на 🎭 Детска претстава/ мјузикл 🎼„Шекерната приказна“.

Приказната за слаткарот Марко и коларот Ване и нивното шеќерно дете. Прекрасниот детски мјузикл, со своја авторска музика и текст и колоритната костимографија и сценографија, ја прават ,,Шеќерната приказна”, изворедна забава за сите дечиња, но и за возрасни.

Ве очекуваме,

КИЦ Битола

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top