Свечена сала , Офицерски дом, КИЦ Битола
Втор ден од 5-от Интернационален форум на филмските градови на УНЕСКО на тема „Одржливи и еколошки практики во филмот и креативните индустрии“. Форумот е дел од проектот Зелени филмски градови: зајакнување на одржливите креативни градови поддржан од УНЕСКО преку проектот „Култура и креативност за Западен балкан“, финансиран од Европската Унија и поддржан од Министерството за култура и туризам на Р. С. Македонија.