Денеска „Офицерски“ зрачи со посебна – женска енергија. Домаќини сме на Вториот моден форум на DMWC на тема: „Мода со втор живот: пренамена, реупотреба и одржливост“, којшто ги отвора вратите за сите коишто веруваат дека: модата може да биде креативна, одржлива и инспиративна! Настанот е имплементиран од Добредојде Македонија Welcome Center со поддршка од Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија.
Панелот ќе ги афирмира можностите на модата со „втор живот“, спојувајќи
креативност, одржливост и практични решенија кои ја обликуваат иднината на
модната индустрија во Македонија. Форумот е уникатна можност за: размена на знаење, позитивни практики, инспирација и создавање контакти со експерти кои го трансформираат текстилот во одговорна и одржлива мода.
Фото: Сашо Ставрев









