Дина -@„Дина Јашари во ГРАДОТ“ – концерт во Битола На 20 август, на платото пред Офицерскиот дом, ќе се одржи концертот „Дина Јашари во ГРАДОТ – Битола“, дел од истоимената македонска турнеја на Дина Јашари, инспирирана од нејзината песна „Градот“. Во текот на летото турнејата ќе ги поврзе Скопје, Кочани, Виница, Кичево, Струга, Битола, планинарскиот дом Вртешка и Штип, носејќи ја нејзината музика пред публика низ целата земја. Дина Јашари е пејачка, авторка и продуцентка од Скопје, која денес важи за едно од најзначајните имиња на современ�
