Во најава, 05.06.2026, Офицерски дом-КИЦ Битола
🇪🇺 УКЛО КОЛОРС е повторно генератор на значителни и историски сигнали во високото образование, овојпат заедно со универзитетите од Македонија коишто се дел од Европски универзитетски алијанси, со странските партнери и со креаторите на политики од државата и Европската Унија.
🗣️ Дискусија кон европска диплома и заеднички дипломи, со поднаслов: Европската диплома започнува од дома, ќе се случува на тркалезна маса што ќе се одржи на 5 јуни 2026 година од 10.30-15 часот во Офицерскиот дом во Битола, во организација на УКЛО, дел од Европската универзитетска алијанса КОЛОРС.
🤝 Настанот ќе обедини меѓународни и домашни релевантни субјекти и засегнати страни од областа на високото образование, меѓу кои и претставници на партнерските универзитети од Италија и Латвија, од алијансите кои дејствуваат низ Македонија, асоцирани партнери и институции на системот како и претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Асоцијата на алумни од Западен Балкан. Во фокусот на дискусијата ќе бидат европските политики за развој на заеднички дипломи, интернационализацијата на високото образование и можностите што ги отвора иницијативата за Европска и заеднички дипломи.
📚 Корените на работата кон Европска диплома и организацијата на тркалезната маса се поставени со почетокот на Алијансата. Имено, УКЛО КОЛОРС минатата година потпиша конвенција за првата заедничка диплома во Алијансата, преку нова студиска програма Мастер МИНД којашто ја иницира Економскиот факултет Прилеп, а ја поставува на широки основи на соработка со сите единици на универзитетот, како и со партнерите од Алијансата и соработниците од реалниот, граѓанскиот и владиниот сектор.
📄 Настанот ќе резултира со документ за дијалог со креаторите на политики во земјава и ЕУ, во правец на реализација на фокусираните планови, инструменти и политики за раст и развој на Западен Балкан, како интегрален дел на развиена Европа.
