Офицерски дом – КИЦ Битола во знакот на младите музичари од ДМУ Битола.
Вчерашниот ден го завршивме со концерт на Дафина Момироска на пијано во соло изведба и како камерно пијано дуо со Лина Димовска и двете во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Во прилог фото импресии од нашиот фотограф Сашо Ставрев.









